„ОБИЧНА БАЈКА“ НА САШО ОГНЕНОВСКИ ГИ ПОКАЖА УШТЕ ЕДНАШ ТАЛЕНТИТЕ НА МЛАДИТЕ АКТЕРИ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА ПРИ „ДОМ НА КУЛТУРА“

„Обична бајка“ на Сашо Огненовски беше последната од трите претстави за деца, кои изминатите неколку дена беа прикажани пред гевгелиската театарска публика во Народниот театар.
„Обична бајка“ е претстава што ги испреплетува реалноста и фантазијата. Мешањето на реални со епски јунаци во претставата ја открива универзалната вистина дека секој човек има своја убавина и дека силата постои во секој од нас.
 
Младите, талентирани актери при Домот на културата, под режисерската палка на Катица Џишева Дупарова, и со оваа претстава го потврдија фактот дека доколку се продолжи вака, од Драмската секција при Дом на култура, во иднина, може да очекуваме да се појават и деца кои својата кариера ќе ја продолжат како актери.
 
Инаку, Сашо Огненовски е роден 1964 година во Битола и досега има издадено три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *