ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „РИСТО ШУКЛЕВ“- НЕГОРЦИ

Со богата културно-уметничка програма учениците и наставниците го одбележаа Патрониот празник на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци. Од хорски и оркестарски изведби под менторство на наставникот Горан Лазаров, поставка на драмата „Печалбари“ под менторство на наставничката Жаклина Линкова, па сè до модна ревија на фустани, рачно изработени и насликани од учениците под менторство на наставничката Анамарија Митриќеска- Кaл’чева, имаа можност голем број присутни да уживаат во подготвеното по повод Патронот на Училиштето.
 
Во своето обраќање пред почетокот на културно-уметничката програма, директорот на ООУ „Ристо Шуклев“, Елена Крстевска, честитајќи го Патрониот празник, меѓу другото истакна :
– Сите заеднички се движиме и ја градиме нашата визија кон создавање модерно училиште, во коешто ученикот и нивните потреби ќе бидат во центарот преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите. Денес, славиме и одбележуваме уште една годишнина на нашиот борец и деец, Ристо Шуклев, чие име со гордост го носи нашето училиште.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *