ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОД НАЈДОБРИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ“ НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Традиционално , на крајот на секоја учебна година, учениците и наставниците на СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја организираа завршната манифестација „Од најдобрите за најдобрите“ во Градскиот театар. На оваа манифестација им се доделија благодарници на најдобрите ученици и ниивните ментори за нивното учество на натпревари, манифестации и вонучилишни активности.
 
Поздравувајќи ги сите присутни во салата, наставниците, учениците и родителите, директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“, Марија Танева им честита на најдобрите ученици и истакна:
„Ние, наставниците, веруваме во нивните можности и потенцијалот којшто го поседуваат и затоа секогаш ги учиме и мотивираме и охрабруваме да учествуваат на такви манифестации.
Како што рекол Аристотел „Корените на образованието можеби се горчливи, но плодовите се слатки.
Затоа, денес се гордееме со одличните резултати, освоените места и награди на нашите ученици.“
 
Во музичко сценскиот дел од програмата, под менторство на Илија Атанасов, учениците Благоја Панов и Дијана Јакимова настапија со изведбата на „A whole new word“. Членови на драмската и литературно-рецитаторската секција, изведоа Пародија на оперетката „Срешта“ од Војдан Чернодрински, во која учествуваа членовите на Драмската група „Дон Кихот“, во режија на Даниела Џишева и кратки сцени од „Скржавец“ на Молиер, во режија на Жаклина Атанасова. Благоја Панов, под менторство на Андријана Џинова, рецитираше стихови од поемата на Вилијам Шекспир- Shall I compare thee to a summer’s day.
 
Преку сликите на Димитар Новаков, почувствувајте ја атмосферата која владееше на оваа манифестација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *