OПОЗИЦИЈАТА НА ВЧЕРАШНИОТ МИТИНГ ПОБАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

OПОЗИЦИЈАТА НА ВЧЕРАШНИОТ МИТИНГ ПОБАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ВЛАДЕАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ДЕНЕС СО ДЕКЛАРАЦИЈА ОДГОВОРИ – ИЗБОРИ ЌЕ ИМА 2024 ГОДИНА.
 
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа протест под мотото Премногу е! Пред неколкуилјадниот народ на платото пред Владата се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.
 
Секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до последниот ден на нашата татковина. Значи наместо да продуцираат политика драги пријатели, тие продуцираат лаги.
Притоа сакам да предупредам дека нѐ чека една од најтешките зими досега во овие 30 години независност. И со ваква неспособна власт лекот не е пакет мерки, туку излезот се избори како единствено решение за слобода на народот и за слобода за Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот протест го повика премиерот Димитар Ковачевски да не го прифаќа францускиот предлог и дека додека е тој претседател на партијата нема да дозволи Бугарите да влезат во Уставот.
 
Веќе денеска експресно стигна и одговорот на премиерот Ковачевски:
„Уцени за предвремени избори и блокади се неразумни, и во најлош можен тајминг, против интересите на народот и државата, му одговори Ковачевски на Мицкоски по синоќешниот ултиматум на опозицијата за датум за брзи избори до крајот на летото. По средбата со коалициксите партнери премиерот излезе со став дека изборите нема да ги решат проблемите на граѓаните – останува редовниот термин, во 2024тата.
 
Следуваат економски битки за излез од кризата, кажа на прес конференцијата, премиерот Ковачевски. Од опозицијата побара конструктивност, а од народот трпение да дефинираат конечен став по францускиот предлог, откако официјално ќе се произнесе Софија и земјите членки на Унијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *