ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ СПОРЕД „ИНДЕКСОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО 2023 – 2024“

За прв пат во нашата земја Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изготви анализа „Индекс за социjална инклузиjа на младите на локалнониво 2023 – 2024“ која ги рангира општините според нивните перформанси во поддршка на вклученоста и еднаквоста на младите.
 
Индекс анализата, ги рангира општините според нивните перформанси во поддршка на вклученоста и еднаквоста на младите. Овој ранг служи како алатка за идентификување на области што бараат подобрување и за истакнување на успешни практики што може да се реплицираат во други општини. Просечната оценка на социјалната вклученост на младите на локално ниво изнесува 41% ,а како највисоко рангирана општина е Општината Охрид .
 
За оваа анализа беа развиени сет на индикатори, распоредени во 4 групи на интерес, како и начин на следење и прибирање на информации за истите.
Во истражувањето беа опфатени сите 80 општини во Македонија, како пријателски општини се квалификуваат Општина Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Струмица и Гевгелија.
Од истражените 4 области, општините најдобро се покажаа во пристапот до услуги, каде 40% од општините се рангирани како добри и одлични. Во однос на пристапот до информации, 31% од општините се одлични, Што се однесува до вклучувањето на младите во јавни политики, само 4% од општините. Во однос на формирање младински совети, само 16% од општините имаат функционални совети, вклучувајќи ги Теарце, Зелениково, Гостивар, Лозово и Гевгелија.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *