ПОЧИНА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР ЃОРГЕ ЏОНОВ

На својата фејсбук страна денеска управата и играчите на ФК “Кожуф” се простија од својот прерано починат фудбалер Ѓорге Џонов.
 
ИН МЕМОРИАМ:
 
Денес , со огромна болка и тага ја примивме веста за нашиот прерано починат фудбалер и пријател Ѓорге Џонов.По долга и тешка битка со ужасната болест,денеска за жал го изгубивме. Тешко е во овие моменти да се најдат зборови за да се срочи огромната болка!
Македонскиот фудбал загуби извонреден фудбалер и великан,но денеска чувствуваме тага затоа што замина голем човек. Јавноста и фудбалерите вечно ќе го паметат како човек кој зрачеше со добрина,позитивна енергија и прекрасен карактер. Гевгелија и Фк Кожуф се должни да му го вратат доприносот на едноставен начин-спомените за легендарниот Ѓорге Џонов да ги одржиме во живот и за идните генерации.
Вечна слава!
НИКОГАШ ЗАБОРАВЕН!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *