ПОЖАРОТ КАЈ НЕГОРЦИ ПОД КОНТРОЛА, ВЧЕРА БИЛЕ РЕГИСТРИРАНИ 41 ПОЖАР НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

Пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола од страна на пожарникарите од Гевгелија, Неготино, Валандово, Кавадарци како и доброволците од ДППД Неготино со подршка на еден армиски хеликоптер.
Во изминатите 24 часа низ Македонија се регистрирани вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
 
Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и Јасен, на Илинска Планина, кај селата Папрадиште и Ореше, како и помеѓу селата Градманци и Дивље.
Потоа, активен пожар има кај селата местото викано Панаѓур кај одмаралиштата на Пониква, но и кај селата Драчевица и Црвена Вода.
 
Под контрола се ставени пожарите кај местото викано Дрешница над селото Батинци, помеѓу селата Долно и Горно Количани кон селото Вражале, потоа кај селото Негорци, како и на планината Галичица. Од ЦУК информираа и дека е ставен под контрола пожарот кај селото Фурка кон Богданци, како и пожарот кај селото Слатина.
Истовремено, под контрола е и пожарот кај селото Латово, пожарот на депонијата во Делчево, како и кај селото Лениште.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *