ПРЕД 114 ГОДИНИ Е РОДЕН КРУПЕ КЕПЕСКИ АВТОР НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

На денешен ден, 8 април, во 1909 година, во Прилеп е роден македонскиот лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата „Македонска граматика“, објавена во 1946 година, КРУМЕ КЕПЕСКИ.
 
Во издание на „Maкедоника литерa” е издадена книгата „СТАТИИ И АНАЛИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК”, која содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и за одделни јазични прашања; на методиката на наставата за македонскиот јазик; и на лексиката на македонскиот јазик.
 
Овие трудови на Кепески во најголем дел овде првпат се објавени и се исклучително значајни од лингвистички и културолошки аспект поради фактот што тој е авторот на првата Македонска граматика, основоположник на граматичарската дејност во Република Македонија и најплодниот автор со дури педесетината изданија на граматики на македонскиот јазик наменети за образованието. Трудовите на Круме Кепески го одбележуваат и развојниот пат на македонскиот литературен јазик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *