ПРЕД 80 ГОДИНИ, ОД СТРАНА НА БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ, ВО СОФИЈА БЕА СТРЕЛАНИ НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ И АНТОН ПОПОВ

„Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха… Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме… Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза…“
 
Вапцаров бил поет, есеист, новинар и револуционер и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Роден е на 7 декември 1909 година во Банско, во Пиринска Македонија,
Неговиот талент за пишување е неспорен. Со една негова песна победува на анонимен конкурс на списанието „Летец“. Победува и на натпревар за радио-драма, но откако организаторите дознаваат за кого се работи, неговата драма не е поставена ниту емитувана.
 
Во 1940 година Вапцаров ја издава својата единствена стихозбирка „Моторни песни“.
Заедно со Михаил Сматракалев и Антон Попов во октомври 1938-ма е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија, во кој подоцна се вклучуваат и Коле Неделковски, Венко Марковски, Ѓорги Абаџиев и други.
Антон Николов Попов роден е на 20 октомври 1915 година во Попово маало, село Игуменец (денес Гега) во Пиринска Македонија. Тој е македонски писател, патриот и учесник во отпорот против режимот во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок.
 
На почетокот на мај 1941 година е мобилизиран во 25 пешадиски полк на Беломорието. По нападот на нацистичка Германија врз СССР заедно со Никола Вапцаров стануваат членови на Воениот центар при ЦК на БКП, каде пројавил вонредна активност. По апсењето на Вапцаров на 4 март 1942 година, набрзо, на 24 април бил уапсен и Антон Попов. Во судскиот процес против ЦК БРП на 22 јули е осуден на смрт и на 23 јули, заедно со Н. Ј. Вапцаров и четворица други комунисти бил стрелан на софиското гарнизонско стрелиште.
 
Со неговото име и во негова чест, Петричкиот партизански одред, формиран на 24 мај 1944 година, е наречен „Антон Попов“.
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *