ПРЕКИНАТАТА 7-МА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА УТРЕ, СРЕДА, 16 МАРТ 2022 ГОДИНА

По петчасовна работа беше прекината денешната 7-ма Седница на Советот на општина Гевгелија. Таа беше прекината во моментот кога советниците ја разгледуваа 13-та точка на Дневниот ред , Предлог решението за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија
Претседателот на Советот, д-р Патрик Матх, продолжението на седницата го закажа за утре, среда, 16 март 2022 година во 12 часот во малата сала на Народниот театар.
До прекинот, советниците усвои неколку одлуки, како што е Кварталниот извештај на Општина Гевгелија за 2021 година, Завршната сметка за извршување на буџетот за 2021 година, Одлука за доделување на хуманитарна помош на граѓаните на Украина, како и Извештајот за Јавната безбедност на подрачјето на Општина Гевгелија.
Можно е да е слика од 12 луѓе, луѓе што стојат и внатре
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *