ПРЕКРАСЕН СТАРТ НА ВТОРИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БАСКЕТ „ИВАН ПЕНОВ“

На реконструираното кошаркарско игралиште, „Иван Пенов“, направено во чест и сеќавање на младиот кошаркар, кој прерано го заврши својот живот во сообраќајна несреќа на 18 годишна возраст, во една прекрасна атмосфера и пред преполнетите трибини, синоќа започна вториот по ред Меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со надеж дека овој турнир ќе расте низ годините и низ него ќе продефилираат многу млади кошаркари и спортисти. Од 28 јули до 4 август секоја вечер 12 екипи во сениорска и 9 екипи во јуниорска конкуренција ќе се борат за наградниот фонд од 1800 евра за првите 3 екипи во сениорска конкуренција и 600 евра за првопласираните во јуниорска конкуренција. Турнирот ќе заврши на 4 август, денот кога Иван Пенов требаше да го прослави својот 20-ти роденден.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *