ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ПОЕЗИЈА „СОНЦЕСТОЈ“ НА ДОЈРАНЧАНКАТА КАТЕРИНА ГОГОВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Особено ми е драго што „Сонцестој“ ќе се промовира во најсончевиот град, Гевгелија, вели Катерина Гогова. Вечерва, петок, на 12 август, во 20 часот, на платото пред Градска библиотека „Гоце Делчев“ ќе се одржи промоција на нејзината поетската збирка. 
 
Промотор ќе биде Ирена Јурчева, професор и преведувач, авторка на поезија и кратка проза.
Ако првата книга „Актите се кастрирани“ е олицетворение на огнот, а втората книга „Пад во немирна вода“ олицетворение на водата, тогаш „Сонцестој“ е воздух, небо на кое сонцето изгрева и заоѓа. Нејзините стихови се во склад со природата, промената на годишните времиња и природните елементи. Сонцестој како термин се употребува во астрономијата и всушност претставува позиција на сонцето во одредени денови од годината.
 
Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Пишува поезија и кратка проза. Нејзината дебитантска поетска збирка во издание на „Современост“ од 2018 година носи наслов „Актите се кастрирани“. „Пад во немирна вода“ е нејзината втора поетска книга и со неа станува десеттиот носител на признанието „Бели мугри“ за 2018 година кое го доделува Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Со избор поезија е застапена во антологиската збирка „Метрички карван“ (ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија, 2017, 2018, 2019, 2020), нејзина поезија е објавена и во зборникот „Креативни точки“ (МИ-АН, 2018), во монографијата „Астални проекции (Бегемот, 2018)“, во графичката арт панорама „Допир“ (ЗЛУКР Арт Еквилибриум, 2019), и во други фестивалски изданија. 
 
Дел од нејзината поезија е преведена на српски, хрватски, словенечки, бугарски, албански, италијански, германски и англиски. Гогова работи препеви поезија од српски, хрватски и англиски на македонски јазик. Живее и работи во Скопје. Активист е за човекови, здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *