ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СИТЕ ЈА САКААТ МАРТА“ ОД МИРЈАНА ПРОДАНОВА ВО КНИЖАРАТА „THE BOOK SHOP“

Љубителите на убавиот пишан збор од нашиот град, на 14.05.2022 (сабота), во 12 часот, ќе имаат можност да се сретнат со авторката Мирјана Проданова, наша сограѓанка и да присуствуваат на промоцијата и потпишувањето на нејзината втора книга „Сите ја сакаат Марта!“ во книжарата „Тhe Book Shop“.
 
Романот е за девојката Марта, девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите. Девојка која им помага со тешките кеси на бремени жени. 
 
Девојка која им помага на стари бабички да преминат улица. Девојка која е секогаш ведра, љубезна и насмеана, прекрасно воспитана и културна со сите. Девојка која ја знаат сите во градот и за која сите имаат само убав збор, никогаш лоша мисла ниту поглед попреку. Но набрзо по нејзината матура, се случува нешто ужасно. Марта е убиена. Градот е во шок. Никој не може да поверува. Но како е можно? Кој би можел да го стори тоа? Та нели сите ја сакаат Марта. Зошто тогаш некој би ја убил девојката ангел?
 
Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши со години старото убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка. Но кога тој попатно почнува да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка, работите дополнително се комплицираат…

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *