ПРОМОВИРАНА ВТОРАТА КНИГА НА МИРЈАНА ПРОДАНОВА „СИТЕ ЈА САКААТ МАРТА“ ВО КНИЖАРАТА „THE BOOK SHOP“ ВО ГЕВГЕЛИЈА.

Денеска во новоотворената книжара „Тhe Book Shop“ во Гевгелија, пред поголем број на љубители на убавиот пишан збор, беше промовиран вториот роман на нашата сограѓанка Мирјана Проданова со наслов „Сите ја сакаат Марта!“
Во дворот на ова прекрасна книжара, авторката Проданова се дружеше со своите читатели, а во исто време и ги потпишуваше купените примероци од овој нов нејзин роман.
 
Се работи за роман трилер, проткаен со емотивна нишка, за девојката Марта, девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите, девојка ангел што би се рекло, која набрзо по нејзиното матурирање е убиена.
Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши ова убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка.
Ако сакате да дознаете како сето ова завршува, купете си ја оваа книга и уживајте во секоја нејзина страница.
 
Инаку, првата книга на Мирјана Проданова „Сопругата на детективот “, во издание на Сакам Книги веднаш по нејзиното објавување стана хит меѓу читателите, со што Мирјана стана една од омилените македонски писателки. Книга за која со право се вели – светска а наша.Обработува една деликатна и за жал многу застапена тема – семејно насилство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *