„ROLLING STONES“ ЈА ЗАПОЧНАА СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА ВО ХЈУСТОН

ПОКРОВИТЕЛ Е АМЕРИКАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ
 
Еден од најдолготрајните светски рок бендови, Ролинг Стоунс, кои на сцената се веќе 60 години, ја започна светската турнеја „Хакни Дајмондс“ на 28 април во Хјустон, каде што го промовираа својот 26-ти студиски албум по ред.
Спонзор на турнејата е AARP, односно Американското здружение на пензионери. На двочасовниот концерт со кој беше отворена турнејата, тие изведоа сет од 18 песни пред повеќе од 72.000 луѓе.
 
Тие ја отворија вечерта со хитот „Start Me Up“, а потоа следуваа другите хитови „Gimme Shelter“, „Honky Tonk Women“, „Miss You“, „Paint It Black“, „Jumpin’ Jack Flash“ и „(I Can ‘ t Get No) Satisfaction“, како и помалку познати песни.
Новиот албум „Hackney Diamonds“ излезе по 18 години без нов студиски материјал. Студиската пауза помеѓу 2005 и 2023 година беше прекината со албумот „Blue & Lonesome“, кој беше составена исклучиво од нивните кавери, а излезе во 2018 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *