РОСИЦА МИТРОВА, ДЕСПИНА ЦВЕТАНОВИЌ И АНГЕЛЧО ПЕШЕВ НАЈДОБРИ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2024“

Во просториите на Библиотеката „Гоце Делчев”- Гевгелија се одржа Општински натпревар „Млади библиотекари 2024“. На натпреварот учествуваа пет натпреварувачи од сите општински основни училишта.

Првото место го освои Росица Митрова, под менторство на Маја Танова од ООУ „Климент Охридски“ – Миравци, со освоени 39 поени.
Второто место го освои Деспина Цветановиќ, под менторство на Маја Танова од ООУ „Климент Охридски“ – Миравци, со освоени 36,5 поени.
Третото место го освои Ангелче Пешов, под менторство на Жаклина Линкова од ООУ „Ристо Шуклев”- Негорци, со освоени 32,5 поени.

Благодарница за учество на натпреварот „Млади библиотекари 2024“ добија Костадин Узунов, под менторство на Зорица Митреска од ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија со освоени 31,5 поени и Давид Самарџиев, под менторство на Жаклина Линкова од ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци, со освоени 12 поени.
 
Комисијата работеше во состав: Жаклина Линкова, Маја Танова, Милена Стамкова, Зорица Митреска и Мими Петкова.
Директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија Стефан Марковски им врачи дипломи на наградените и благодарници на другите учесници, менторите и членовите на комисијата, и ѝ посака на првонаградената Росица Митрова успех на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2024“, што ќе се одржи на 21.05.2024 во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *