САМО 2 ПРОЦЕНТИ ОД МАКЕДОНЦИТЕ КОРИСТАТ ВЕЛОСИПЕД А ДУРИ 35 ПРОЦЕНТИ АВТОМОБИЛ ДО РАБОТНОТО МЕСТО

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во Македонија. Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти и 2,6 проценти меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3 проценти.
 
Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40 проценти, потоа околу 17 проценти рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4 проценти и 2,1 проценти со меѓуградски автобус. Велосипед користат 2,6 проценти, мотоцикл 0,77 проценти, а воз 0,08 проценти.
 
Жените најчесто до работа или училиште одат пеш, и тоа над 27 проценти, потоа околу 19 проценти возат автомобил, 10,8 проценти користат градски автобус и 3,34 проценти меѓуградски автобус. Велосипед користат 1,86 проценти, мотоцикл 0,15 проценти, а воз 0,03 проценти.
 
Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *