СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА И ВО ГЕВГЕЛИЈА. ДОМИНИРА ОМИКРОН ВАРИЈАНТАТА.

Се намалува бројот на заразени и починати од ковид на неделно ниво, покажува извештајот на институтот за јавно здравје за периодот од 7-ми до 13-ти февруари.
Во овој период, бројот на смртни случаи е намален за третина, во однос на неделата претходно. Најмногу починати, над 97 насто, се над 60 години.
 
Има 13 насто помалку заразени, споредено со неделата претходно. Најмногу заразени се регистрирани кај луѓето над 60 години и кај оние од 40 до 49 години.
Во Гевгелија исто така е намален бројот на заразени случаи. Ако во периодот од 31.01 до 6.02.2022 година имало вкупно заразени со ковид-19 162 граѓани, таа бројка во периодот од 07.02 до 13.02 изнесува 124 граѓани.
 
Најмалку заразени има меѓу децата до девет години. Намалување има и кај бројот на реинфекции, односно за речиси осум насто помалку, во однос на неделата претходно.
„Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ на РСМ,во текот на изминатата недела, се изврши секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2. Позитивните примероците се одбрани од тестираните во период од 29.01 – 06.02.2022 година, од следните градови: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани – 3, Свети Николе – 3, Неготино -2, Кавадарци – 2 и по еден примерок од Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Валандово и Виница
Во 85 отсто од примероците доминира омикрон варијантата, во 7 отсто е регистрирана стелт варијантата, додека 8 отсто сеуште циркулира делта варијантата

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *