СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР ВО ЦРКВАТА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

На денот кога го чествуваме Соборот на сите македонски светители, во црквата “Св. Кирил и Методиј” во Гевгелија се одржа традиционалниот “Семакедонски црковно-народен собор”. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство и монаштво на нашата света македонска црква.
 
На Соборот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на целиот Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, упати апел за духовно и национално обединување на македонскиот народ.
Традиционално, на светата Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората, а меѓу присутните беа и градоначалниците на Општина Гевгелија, г-дин Андон Сарамандов, на Општина Велес, г-дин Марко Колев и на Општина Ново Село, г-дин Ѓорѓе Божинов.
На литургијата пееше и градскиот мешан хор „Гортинија“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *