ШЕСНАЕСЕТТИ МЕМОРИЈАЛЕН МАРАТОН НОВА ГРАДИШКА – КРУШЕВО. 900 КИЛОМЕТРИ ЗА ТОШЕ ПРОЕСКИ

И годинава во организација на Град Нова Градишка, Туристичкиот одбор на Град Нова Градишка, а во соработка со маратонците на Република Македонија ќе се одржи традиционалниот „Спомен на Тошe Проески“ по повод одбележувањето на шеснаесетгодишнината од смртта на популарниот македонски пејач Тоше Проески, голем музичар, хуманитарец, човек кој ги поврза Хрватска и Македонија.
 
Денес, сабота, 14. Октомври во 16 часот и 30 минути ќе бидат положени венци на споменикот на Тоше Проеско кај Новоградското електротехничко-економско училиште, а потоа во 17 часот ќе започне меморијалниот маратон Нова Градишка – Крушево, кој ќе заврши на вечното почивалиште на Тоше на, Гумење, во Крушево, 900 км од Нова Градишка.
 
Деветте маратонци од Македонија, меѓу кои и тројца од Гевгелија, Тоше Анчев, Влатко Семенаков и Марјан Туртуров ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија. Се очекува на 15 октомври (недела) да пристигнат на граничниот премин Табановце и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија да дојдат околу 18 часот.
 
Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде што треба да пристигнат на 16 октомври (понеделник) околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.кои утре, 14 октомври, во 16:30 часот ќе почнат да трчаат од Нова Градишка до Крушево во чест на Тоше Проески

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *