СЛОВАЧКИОТ АМБАСАДОР ХЕНРИК МАРКУС ЈА ЗАПОЗНАВА МАКЕДОНИЈА СО СВОЈОТ ВЕЛОСИПЕД

Денеска, во Гевгелија престојува Амбасадорот на Словачка во Република Македонија, господинот Хенрик Маркус. Тој, како страствен велосипедист, веднаш беше зачленет, како почесен член во здружението на точкаџии „Гевгелиски точак клуб“. Хенрик Маркус е единствениот амбасадор во светот кој досега успеал да помине доволен број километри со својот велосипед во земјава, нешто што не му успеало на ниту еден од неговите колеги кои биле амбасадори во Македонија.
 
„Почнав да возам велосипед од здравствени причини, вели Маркус, кога не можев да вежбам поради болки во коленото . Почнав да возам велосипед околу 2007 година кога служев во Швајцарија и Франција. Ме привлекува да се возам по ридовите, возењето по рид е еден вид порака за велосипедистите почетници, тоа е психолошка работа. Многумина мислат дека ова е проблем, но всушност проблемот е во размислувањето.
 
„Човек може многу да научи за Македонија преку возењето на велосипед. До сега, рече тој, сум поминал низ многу места во вашата преубава земја, од манастирот Слепче, Пелистер, Маврово, Галичник, Охрид, и Дојран, каде неодамна ги посетив граничните полицајци од мојата земја кои ја чуваат од мигранти вашата граница со Грција. Од секое мое обиколување на местата во Македонија, правам кратки видео клипови, со кои правам туристичка промоција на Македонија во Словачка. Па, така ќе биде и од оваа моја посета на Гевгелија, “заврши Маркус.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *