СО БОГАТА ПРОГРАМА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ЧЕСТВУВА ПРАЗНИКОТ НА ГОЛЕМИТЕ СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.
 
Чествувањето на овој голем празник во Гевгелија, Гевгелиското Архиерејско намесништво ќе го почне во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во предвечерието на празникот, во понеделник, на 23 мај во 17 часот, со принесување Акатист со петолебие кон Светите браќа. Потоа , од 18 часот, во дворот на црквата неколку духовни песни ќе исполни хорот „Гортинија“, а од 18,30 часот следува настапот на „Распеани Гевгеличани“.
 
Наредниот ден, на 24 мај кога Црквата го празнува овој голем празник, по Светата Златоустова Литургија, во 11.00 часот сите граѓани кои милуваат, заедно со уметниците на Ансамбл Македонија и свештениците ќе можат да учествуваат, за прв пат во Гевгелија, на Торжествена Литија со кивот на мошти од 40 светители низ градскиот плоштад.
 
Во 11,30 часот , црквата „Свети Кирил и Методиј“ и Дом на култура „Македонија“, во дворот на Црквата ќе организираат концерт на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА. Ансамблот МАКЕДОНИЈА е репрезент на македонската традиционална култура. Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетски код на еден народ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *