СО ИЗЛОЖБА НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ УМЕТНИЦИ И КОНЦЕРТОТ НА МАЈА ЧАНАЧЕВИЌ И АНА ГАЦЕВА ЗАВРШИ ПРАЗНУВАЊЕТО НА СПАСОВДЕН 2022

На третиот ден од чествувањето на Спасовден,во фоајето на Народниот театар- Гевгелија, беше отворена Изложба на ликовни уметници од Гевгелија- ДЛУГ. Изложбата ја отворија Мирјана Крстева Массети и Александар Јанев, а на неа со свои дела учествуваа: Борис Петров, Јордан Јанев Дане, Атанас Крстов, Никола Бутров, Данчо Кал’чев, Драги Хаџи- Николов, Фиљо Танов, Михаил Петров, Миле Ничевски, Гордана Петрова, Вангел Срнаков, Мирјана Крстева Массетти, Катерина Чугунска, Дамјан Ѓуров, Пето Кованцалиев, Иван Кал’чев, Адријана Манчева, Анамарија Кал’чева Митриќеска, Сотир Хаџи- Николов, Александар Јанев, Ѓорге Петровски и Елена Ѓуров.
 
По Изложбата на ДЛУГ, во Малата сала на Народниот театар, публиката која е љубител на класичната музика имаше можност да го проследи Концерт на дуото- д-р Ана Гацева (пијано) и м-р Маја Чанаќевиќ, англиски рог. Беа изведени дела од: Марчело, Барат, Шуберт, Зографски и Ликл.
Една од композициите, Маја Чаначевиќ ја изведе мошне емотивно и ја посвети на нејзиниот прерано починат вујко, роден гевгеличанец, истакнатиот македонски композитор педагог, музички писател, истражувач и општествен деец, проф. д-р Томе Манчев.
 
Со овие два настана, завршија активностите од културно-уметничка програма по повод Спасовден, во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *