СО ИЗЛОЖБАТА „РАЃАЊЕТО НА БИТИЕТО“ МАГИСТЕР АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ СЕ ПРЕТСТАВИ ПРЕД СКОПСКАТА ЛИКОВНА ЈАВНОСТ

По Прилеп и Гевгелија, магистер Александар Јанев со тематската изложба на скулптури „Раѓање на битието“, деновиве се претстави и пред скопската ликовна јавност. Во пријатната атмосфера на кафе книжарницата „БУКВА“ Јанев изложи над десетина дела преку кои дава одговор на прашањето Што е живо битие?
 
„Дрво, метал, колор, форма, Јанев интонирано понира во длабочините на она што сме, на она од кое сме. Суптилно раскажува за почетокот, за генезата, за корените. Тој со својот ликовен израз автентично проникнува во материјалитекои ги експлоатира и создава дела со карактеристична овална форма, која симболизира раѓање,“ вели за неговите дела магистер Мирјана Крстева Массети.
 
На ова да го надоврземе и искажувањето на историчарот по уметност Викторија Димеска:
„Со обликувањето на површината на вајарското дело, со помш на различните засечоци, врежувања, како и прицврстувањето на различни метални шајки, скулпторот прави обид да го разоткрие процесот на создавање и автоматско вмрежување во структурен скелт на цврстата материја… Во основа творештвото на Јанев се карактеризира со фигуративен начин на изразување и претставување на природни форми со асоцијативни претстави, стилизирајќи симболични композиции, кои ја хранат илузијата на креирање и создавање на материјата“.
 
Александар Јанев дипломирал на УКИМ, Факултет за ликовни уметности Скопје, оддел вајарство со графички дизајн во класата на професор Беди Ибрахим. Работи во Гевгелија како наставник по ликовно образование. Член и претседател е на Друштвото на Ликовни уметници во Гевгелија – ДЛУГ и член на Мултимедиа центар Гевгелија од 2009 година. Учествувал на сите групни изложби на ДЛУГ и Мултимедиа центар, а бил дел од повеќе ликовни колонии.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *