СО НОВИОТ ЗАКОН ОПШТИНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ДДВ И ДАНОКОТ НА ДОХОД

Со измените на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа се предвидува општините да добиваат повеќе пари од собраниот ДДВ и од данокот на доход. Од оваа година, општините треба да почнат да добиваат повеќе пари од приходите собрани од данокот на личен доход и од данокот на додадена вредност, предвидуваат измените во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа, кои се во собраниска процедура.
 
Општините досега добиваа 3 отсто од данокот на личен доход. Според измените, годинава ќе почнат да добиваат 4 отсто, догодина 5 отсто, а во 2024 година 6 отсто од парите кои ќе се соберат по основ на овој данок. Приходите од данокот на додадена вредност се зголемуваат од досегашните 4,5 отсто, на 5 отсто годинава, на 5,5 отсто во 2023 година, и ќе достигнат 6 отсто во 2024 година. Проценките на владата се дека парите што општините ги добиваат по овие два основи речиси ќе се удвојат до 2024 година, од сегашните 2,8 милијарди денари на 5 милијарди денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *