СО ПОЕТСКО-МУЗИЧКА ВЕЧЕР ОДБЕЛЕЖАНА 75-ГОДИШНИНАТА НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во организација на ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”, а како дел од Гевгелиското културно лето, синоќа беше одбележан големиот јубилеј, 75-годишнината на Друштвото на писателите на Македонија.
 
Друштво на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.
 
Друштвото на писателите на Македонија е асоцијација на уметници со најголем број членови и со најдолга традиција во Република Македонија. До сега во него членувале над 500 писатели од сите генерации.
 
На настанот, во една пријатна летна атмосфера под јаворот пред Библиотеката Гоце Делчев, најнапред се обрати директорот на библиотеката Стефан Марковски, кој зборуваше за предизвиците со кои се соочува Друштвото, за значењето на литературното творештво во современите услови и за борбата за освојување нова читателска публика,
Пред присутните потоа се обратија и Марина Мијаковска – секретар за надворешни активности на ДПМ, Мито Спасевски – претседател на Издавачкиот совет на ДПМ и Александар Прокопиев, кои имаа кратки излагања во врска со почетоците, историјатот и актуелните состојби во кои се наоѓа друштвото
Вечерта беше збогатена со музичките точки на Теодора Гошева и поетско читање од творештвото на дел од истакнатите гости. Снежана Стојчевска , Диме Ратајкоски , Југослав Петровски , Гордана Јовиќ Стојковска ,. Александар Прокопиев , Миле Јованоски Поречанец , Горан Анчевски , Саво Костадиновски , Лилјана Стоилковска , Љупчо Силјановски ,Ленче Милошевска и Мито Спасевски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *