СОНК И ВЛАДАТА СЕ НАЈДОА НА 12 ПРОЦЕНТИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДА ВО УЧИЛИШТЕ.
СОНК и Владата успеаја да договорат 12 процентно зголемување на платите на наставниците.
„ Се усогласивме со ставовите, дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите што ќе започне да се исплаќа од месец јули. Се работи за 12 проценти на сегашните плати со додатоци тие што следуваат“ рече Неделков по преговорите во Владата.
Со настава би се почнало во среда, со оглед дека утре СОНК ќе има консултации со членството. До утре навечер ќе имаат конечна одлука за штрајкот. Дали ќе се продолжи учебната година, дополнително ќе се анализира со Министерството за образование, рече Неделков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *