СОСТОЈБАТА СО ДРОГАТА МЕЃУ МЛАДИТЕ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА Е ЗАГРИЖУВАЧКА И СОВЕТНИЦИТЕ БАРААТ ДА СЕ СОСТАНЕ ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА.

Она што загрижува се информациите од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гевгелија, од кои се гледа дека покрај намалувањето на старосната граница на младите кои прв пат ќе пробаат дрога, на 11 до 12 години, е фактот што дури 50 насто од сторителите на семејното насилство се евидентирани зависници од алкохол и психотропни супстанци. Поради ова, се наменува потребата од еден мултисекторен пристап кон ваквата состојба меѓу младите од страна на сите институции кои работат со нив.
 
На последната седница на Советот на Општина Гевгелија на дневен ред беше и Состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во Општина Гевгелија. Советниците ги добија извештаите од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија, Психијатриска болница- Негорци, ОВР- Гевгелија и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Гевгелија, а кои се однесуваат на оваа проблематика.
Од нив мошне јасно се гледа дека состојбата со алкохолот и со дрогата меѓу младата популација на територијата на Општина Гевгелија е загрижувачка. 
 
Поголем број на малолетници редовно користат алкохол на ноќните забави, дрогата им е лесно достапна а што е пострашно, старосната граница кога младите за прв пат ќе пробаат дрога или друг опијат се намалува и во моментот таа изнесува од 11 до 12 години.
 
ОВР Гевгелија во својот извештај ја потенцира секојдневната репресивно-превентивна дејност на нивните службени лица во сузбивање на употребата и недозволената трговија со опојни дроги на подрачјето на општината. 
 
Според нивните анализи тие тврдат дека има своевидна стагнација во злоупотребата на опојните дроги, пред се хероинот, додека марихуаната и амфетамините се присутни меѓу младите за време на викендите и ноќните забави. Ова тие го поткрепуваат со фактот што бројот на приматели на метадонската терапија е без значителни промени веќе подолг временски период.
 
Во изминатите 5 години, според извештајот на Психијатриската болница во Негорци, кај нив се лечени и хоспитализирани вкупно 7 лица од Општина Гевгелија од ментални растројства како резултат на употребата на опоиди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *