СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ СО 14 СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗМЕНА НА „РИКО-СУПЕРУЧИЛИШТА“

Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO – РИКО) објави дека 90 средни училишта од Западен Балкан се избрани за учество во програмата за размена на RYCO – Superschools (РИКО – Суперучилишта).
Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1.300 ученици, додека РИКО ќе понуди различни можности за градење на капацитети за 90 наставници. Од овие 90 училишта 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и Херцеговина, 5 од Црна Гора, 8 од Косово, 15 од Македонија и 30 од Србија.
Во претходните два циклуса учествуваа ученици од 25 училишта во Македонија, стекнувајќи позитивни искуства и создавајќи нови пријателства“, велат од РИКО.

Освен СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, оваа година во размената ќе учествуваат следните училишта од Македонија: АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид, СОУ „Коста Сусинов” Радовиш, ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески” Охрид, СМУГС „Др. Панче Караѓозов” Скопје, СОУ „Методи Митевски – Брицо”, Училишен Центар за Едукација и Рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје, „Аmerican High School” Скопје, Гимназија „Добри Даскалов” Кавадарци, СОУ „Јане Сандански” Штип, СГГУГС „Здравко Цветковски” Скопје, Државно Средно Училиште – Регионален Центар за Стручно Образование и Обука „Киро Бурназ” Куманово, Државно Музичко Училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” Струга, ОСЕУ „8-ми Септември“ Тетово.
 
Имплементацијата на проектите ќе се случи во периодот ноември, 2024 до април, 2025 година. Секое партнерско училиште ќе организира една размена на посета на училиштата, кое ќе трае до 7 дена со група до 17 ученици и 2 наставници.
„Освен две размени, секое училиште ќе организира локална активност за споделување на искуствата и придобивките од ваквите проекти, важноста на неформалното образование, младинскиот активизам и регионалната соработка. Вкупно, 90 локални информативни активности, собирајќи повеќе од 1800 учесници, ќе се одржат низ целиот регион во наведениот период“, посочуваат од РИКО.
Според нив, преку програмата за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, своите училишта и обичаи пред домаќините и да научат нови работи за локалните заедници низ целиот регион.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *