„СПАСОВДЕН 2022“ ЗАПОЧНУВА ВЕЧЕРВА СО „РАСПЕАНА ЧАРШИЈА“

Спасовден 2022, патронот на Гевгелија, започнува со традиционалната манифестација „Распеана чаршија“ што ќе се одржи под отворено небо, на платото пред споменикот на Сава Михајлов. 

Повторно, како и секоја година , звуците на староградската македонска песна, која секогаш во минатото била придружник и во добрите и во лошите настани од животот на гевгеличани, ќе го исполнат просторот на платото пред споменикот на Сава Михајлов.
 
Пред насобраните граѓани ќе настапат Распеани Гевгеличани, Распеани Валандовчани, Пеачка група на ЗП Кавадарци ,,Никола Бадев, ВИА Распеани Струмичани и пеачката група на ЗП Сава Михајлов Гевгелија.
 
Годинава за организирање и реализација на богатата културна програма за прослава на гевгелискиот заштитник Спасовден се погрижи Домот на културата под покровителство на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *