СПЕКТАКУЛАРНА БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА ЗА ЉУБОВТА, СЕЌАВАЊАТА И ЕДНО ВРЕМЕ КОЕ МОЖЕ САМО ЕВЕРГРИН МУЗИКАТА ДА ГО ВРАТИ

На сцената на Народниот театар во Гевгелија синоќа присуствувавме на еден несекојдневен настам. Националната опера и балет ја одигра балетската претстава „Ла, ла, ла!” во кореографија и режија на Саша Евтимова.
 
Не сакајќи да ги вреднуваме останатите содржини со кои оваа година се прославуваше патронот на Гевгелија-Спасовден, ќе речеме само дека оваа балетска претстава ни понуди премногу емоции, сеќавања, музика и љубов, која толку многу ни е потребна во овие времиња.
 
Присуствувамне на еден модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови. Ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен старите евергрин песни.
 
Секоја песна раскажуваше една приказна од различно време. Музиката беше таа која не одведе на на едно незаборавно патувања низ времето.
Честитки за женскиот и машкиот ансамбл при Националната опера и балет.
 
Женски ансамбл: Ангела Велевска, Мила Ниновска, Христина Наќевска,Симона Митовска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска
Машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Никола Орсо.
 
Да посакаме и во иднина Националната опера и балет, со друга претстава да ни го збогати културното живеење во нашиот град.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *