СТЕФАН МАРКОВСКИ СО ПОВЕЌЕ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСТОЈОТ ВО РУЕН, ФРАНЦИЈА

Во склоп на активностите за кандидатурата на градот Руен, Франција, за втора Европска престолнина на културата во 2028 година, покрај Скопје, Стефан Марковски беше поканет да престојува на резиденцијален престој во овој град.
Македонскиот писател одржа активности посветени на промоцијата на литературата и преведувачката дејност во училиштата.
 
Во училиштето „Катерина Бернард“ во Барентан, македонскиот писател одржа работилница со различни класеви на ученици, кои интерактивно го преведуваа од македонски на француски јазик текстот на сликовницата наМарковски „Гулапчето Мики“ (Едиција Светулка, 2020), а приказната ја развиваа понатаму во повеќе насоки.
 
Освен работилницата, Марковскиоствари средби и со француски писатели, културни работници, културни менаџери, како и уредници на литературни списанија.
По Париз, кој беше избран во 1989-та година, Авињон во 2000-та, Лил во 2004-та и Марсеј-Прованса во 2013-та, во 2028-ма година ќе биде избран уште еден француски град за Европска престолнина на културата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *