СТЕФЧО СТЕФАНОВ ЈА ПОТПИШУВАШЕ СВОЈАТА НОВА КНИГА ПРЕД КНИЖАРНИЦАТА НА ТРКАЛА НА „АНТОЛОГ“

Камиончето полно со разноразни книги, на книжевниот центар „Антолог“, денеска пристигна во Гевгелија, на целодневно дружење со вљубениците во убавиот пишан збор..
Ќе ги најдете на плоштадот кај КИТ-ГО, од 10 – 19 часот, каде ќе може да си купите и некоја од книгите од богатиот избор на оваа независна издавачка куќа. Нивното мото е „Преку книгите, ние секој ден внесуваме повеќе светлина и повеќе убави моменти во вашиот свет!
 
Тука, ќе ја најдете и новата книга на гевгелискиот „Аџамија“, професот Стефчо Стефанов, „Љубовно аздисано Хаику“ која ќе може да си ја купите и тој лично да ви ја потпише во времето од 12 до 14 и од 18 до 19 часот.и доколку сакате ќе ви објасни што е тоа хаику поезија.
Инаку, Хаику се состои од 3 стихови и 17 слогови. Во првиот стих се користат 5 слогови во вториот стих се користат 7 слогови и во последниот стих се користат 5 слогови (формата е 5-7-5).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *