СВЕЧЕНО ОТВОРЕНО ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ЗА ДЕЦА ОД 10 ДО 13 ГОДИНИ

Денеска Гевгелија живее во знакот на карате спортот. Во салата „26 Април“ , над 300 млади каратисти од 48 клубови од целата земја ќе се борат за што подобар пласман во категориите Кумите и Кати во машка и женска конкуренција.
Најдобрите шестмина од секоја категорија ќе имаат можност да учествуваат на Балканското карате првенство за деца, кое од 31 мај до 2 јуни 2024 година ќе се организира во Истанбул, Република Турција.
 
Државно првенство во Карате за деца од 10 до 13 години,за прв пат се одржува во Гевгелија, по иницијатива на Карате Клуб АРМОР и спонзоризано од Агенција за обезбедување “АРМОР” а во организација на Карате Федерацијата на Македонија.
 
Првенството за отворено го прогласи градоначалникот Андон Сарамандов, кој при тоа истакна:
„Задоволство ми е да ги поздравам сите учесници на ова првенство, младите натпреварувачи, судиите, членовите на Карате федерацијата на Македонија, како и членовите и управата на Карате клубот „Армор“. Ова претставува убава промоција не само на спортот, туку и на самата општина. Со ова, уште еднаш ја докажувам мојата заложба, како општина да вложуваме што повеќе во спортот, а се со цел Општина Гевгелија да стане значаен спортски центар во Македонија“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *