СВЕТСКИ ДЕН НА АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТ

Светскиот ден на Алцхајмеровата болест се одбележува секоја година на 21 септември со цел да се подигне свеста за предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваат луѓето со оваа болест и нивните семејства, како и за да се делува за намалување на стигмата што ја опкружува деменцијата.
 
Алцхајмеровата болест е прогресивна, фатална болест на мозокот која се карактеризира со губење на меморијата, губење на говорот и способноста за размислување, како и промени во расположението и однесувањето. Глобално е признато дека оваа болест е мултифакторна, хетерогена и неповратна, а нејзината појава и развој се потпомогнати од комбинација на генетски фактори и фактори на животната средина. 
 
Сепак, биолошките промени во мозокот може да се појават децении пред првите симптоми. Во доцните фази на болеста, луѓето честопати не се во состојба да комуницираат и комплетно се зависни од други лица дури и при едноставни секојдневни задачи.
Кај Алцхајмеровата болест се нарушени осум когнитивни функции – помнење, говор, перцепција, внимание, конструктивни способности, ориентација, решавање на проблеми и функционални способности.
 
Претседателката на граѓанското здружение „Институт за Алцхајмерова болест и невронаука – Скопје“, д-р Габриела Новотни, истакнува дека особено е видлива потребата од дневни центри, едукација, како и професионални негуватели.
 
– Ние сме должни да го направиме сето ова за овие лица. Во Македонија тоа се најмалку 20 илјади семејства. Алцхајмеровата болест која ги краде спомените не ја зафаќа само индивидуата, туку и целото семејство го вовлекува во својата болест и тоа трае со години. Според неа, потребно е не само да се препишат лекови, туку и да им се помогне на семејствата во грижата за своите сакани, бидејќи некои од нив не се едуцирани како да постапат со одредени однесувања, па бараат помош и во доцните часови се јавуваат на клиниките.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *