СВЕТСКИ ДЕН НА ПЕШАЧЕЊЕТО – 3 ОКТОМВРИ

ЗА ДА БИДЕТЕ ВО ДОБРА ФОРМА ДНЕВНО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ 10.000 ЧЕКОРИ
 
Светската здравствена организација препорачува дневно да направите 10.000 чекори за да се остане во добра форма. Оваа бројка одговора на поминати 7,5 километри. Затоа, одбележете го денес овој убав ден, облечете ги патиките, ставете ги слушалките на глава и пешачете во правец на Негорски бањи, Вардарски рид, Динќут, Конско, …Светската асоцијација „Спорт за сите“ ТАФИСА го промовира и организира овој Ден како еден од најважните светски настани во кои активно се вклучени голем број земји. Настанот се организира во текот на месец октомври за време на викендите, а TAFISA го објавува официјалниот датум за секоја година.
 
Настанот ја охрабрува еколошката свест за потребата од зачувување на природата, а од друга страна го промовира планинарењето како ефективна и ефтина форма на физичка активност, наменета за луѓе од сите возрасти. Организациите за спортска рекреација го организираат одбележувањето на овој ден со програма за пешачење во природа до планински врвови, излетнички места или планинарски тури по одредени правци. На дестинацијата за пешачење често се организираат дополнителни забавни и рекреативни програми.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *