СВЕТСКИ ДЕН НА ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ

Со цел да се поттикне употребата на еколошки и здрави превозни средства, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во 2018 година, 3 јуни го прогласи за Светски ден на велосипедизмот.
 
Покрај низата здравствени бенефити, редовното користење на велосипедот како транспортно средство има и силни позитивни импликации на животната средина, но и позитивна социјална димензија – помалку издувни гасови, поефитин, а неретко и побрз транспорт!
 
Светската здравствена организација препорачува минимум 150 минути умерена физичка активност во текот на неделата. Возејќи велосипед, лесно можеме да ја постигнеме и надминеме ваквата граница.
 
Холандија со население од 17 милиони е позната како „земја на велосипедите“ , Гевгелија, „рамна ко тепсија“ е позната како град со најголем број на велосипеди по глава на жител во Македонија.
Затоа д Здружението на граѓани „Гевгелија Точак Клуб“ на денешниот ден порачуваат
 
Почитувани сограѓани и сограѓанки !!!
 
На 3-ти јуни би сакале да Ве замолиме вашите автомобили по можност да мируваат а барем мал дел од денот да го поминете на велосипед. Во Гевгелија скоро секое домаќинство има барем еден велосипед па да се потрудиме барем на 3-ти јуни градот да ни заличи како повеќето градови во Данска или Холандија.
Би сакале да ни се придружите во иницијативата: На 3-ти јуни, во периодот од 7 наутро до 7 навечер во Гевгелија педалите на точковите да бидат активни а педалите на автомобилите да одмараат.
На 3-ти јуни, во периодот од 7 наутро до 7 навечер во централното градско подрачје да не паркираме автомобили без потреба.
На 3-ти јуни, во периодот од 7 наутро до крајот на работното време автомобилите да ни останат паркирани дома.
 
Во светот има многу добри места за возење за велосипед а општина Гевгелија е идеална со одличен рамнински дел но и прекрасни ридско, планински предели за адреналинските зависници. Приклучете ни се на 3-ти јуни светскиот ден на велосипедизмот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *