УМЕТНОСТ Е, ВРЕДНО Е 150.000 ДОЛАРИ, И МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ

Делото „Комичарот“ на италијанскиот уметник Маурицио Кателан изминативе години привлекува внимание делумно затоа што всушност се работи за банана залепена со самолеплива лента на ѕид.

Едноставноста на луцидното дело ги примами колекционерите да платат дури 150.000 американски долари за делото, на Саемот на уметност во Мајами, минатата есен – чин што зачуди многумина што не ни замислуваа дека „скулптурата“ направена од овошје залепено на ѕид би можела да постигне толкава цена. Сега естетските заслуги на делото се зајакнуваат откако музејот „Гугенхајм“ во Менхетн го прифати како дел од својата колекција во вид на анонимна донација.

Всушност, кога се купува „Комичарот“, тоа што го добивате не вклучува банана или самолеплива лента. Она што го купувате е всушност „сертификат за автентичност“, изненадувачки детален список со инструкции на 14 страници, со дијаграми за тоа како треба да се инсталира и да се прикаже бананата. . Упатствата се лесни – често менување на бананите, на 7-10 дена, и поставување на делото на висина од 175 см над земјата

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *