УПИСОТ НА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 1 ДО 31 МАЈ 2024 ГОДИНА

Од Општина Гевгелија ги известуваат родителите дека уписот на ученици во прво одделение е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2024 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжително за сите деца родени во текот на 2018 година и за оние кои сакаат за деца родени во текот на јануари 2019 година.
 
Уписот ќе се врши до 01 до 31 мај 2024 година во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата.
 
Родителите се должни при уписот, да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
 
За прием на документите и интервју со детето, родителите задолжително закажуваат термин во основните училишта на следниве телефонски броеви:
– ООУ “Крсте Мисирков“-Гевгелија 078/447-373
– ООУ “Владо Кантарџиев“-Гевгелија 075/542-235
– ООУ “Климет Охридски“-Миравци 070/670-440
– ООУ “Ристо Шуклев“-Негорци 078/232-499

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *