УЖИВАВМЕ ВО ИГРАТА НА МЛАДИТЕ АКТЕРИ ВО ПРЕТСТАВАТА „ВОЛШЕБНОТО КУТИВЧЕ“

Синоќа во народниот театар децата од драмското студио при ЈОУ Дом на култура “Македонија” под раководство на Катица Џишева Дупарова ја изведоа првата од трите претстави „Волшебното кутивче“ . Станува збор за адаптирано сценарио кое ја прошета публиката низ стиховите на Андреевски, низ зеленчуковите маки раскажани од Донев и по повеќе едночинки на Тарапуза и Киро Донев.
Родителите и децата кои присуствуваа на оваа претстава уживаа во плодот од напорната работа на младите таленти од Драмското студио при ЈОУ „Дом на култура“ и нивниот ментор Катица Џишева Дупарова.
 
Следната претстава со детските актери е закажана за 16 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, кога ќе биде прикажана театарската претстава за деца „Мачорот во чизми“, по мотиви од Шарл Перо. Преку итроштините на Мачорот во чизми, интерпетирани од страна на дечињата, публиката ќе дознае за неговото пристигнување во кралскиот дворец и постигањето на неговата цел.
Претставите се во режија на Катица Џишева Дупарова, раководител на Драмската секцијa. Сценографијата е на Гордана Петрова, а костимографијата за „Волшебното кутивче“ на Михаил Петров.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *