Во чест на 100 год јубилеј на ФК Кожуф кој се одбележа на 11 октомври во Гевгелија, покрај редовниот протокол за дочек на гости, гевгелиската вајарка посака, надворешните поканети гости, дополнително да ги изненади и да им доделим ексклузивен рачно изработен керамички сувенир како подарок.
Одлуката ја донесе, само десетина дена пред самиот настан, обемен зафат, а краток временски рок, но со брзината на реализацијата, слободно може да се каже, дека Гордана и екипата може да влезат и во Гинисовата книга на рекорди.
Почестена, како автор кој е избран, таа го прифати предизвикот, не споредувајќи се со никого, туку како натпревар со самата себе, чисто да си ја провери својата творечка кондиција.
Според нивниот, постоечки заштитен знак на Клубот, таа за рекордно време од 3 дена ( реално бара цел месец обработка ) рачно изработи идејно решение во вид на грб( рељефна претстава ) со димензии 18 x 13 цм и размножи повеќе гипсани калапи , кои ги сушеше во рерна, за да може да се полни глинениот сувенир. Итно преработена, посебна рафинирана глина за изведба на истиот, следен ден таа набави од Неготино, и дрвени подлоги од IKEA за побрзо сушење на плочките. Просторот во Пионерски дом, беше преадаптиран со помошни клупи и ткаенини, за да се забрза процесот на цедење и сушење на истите, кој по природен пат изискува 10 до 15 дена, но во трка со времето се бараше начин, како да се скрати времето.
„ Природата на техничката изведба, и самата работа траеше и по 16 до 18 часа, изјави Петрова. Додека со една рака втиснувате глина, со другата вадите втиснати плочки од пред неколку часа, и редоследно, наизменично, сушите калапи на греалица, за повторна употреба. Буквално, трка со времето, трчање и прередување на новоизвадени, прередување и подместување на одредени кои веќе се полувлажни, низ просторот, барајќи подобар проток на воздух или сончев дел од Домот.
После пет дена, понеделникот вечер морав да вклучам мала печка за печење керамика, која има простор за 50 сувенири, но успевам да ги сложам сите 60, некои досушувани во рерна, дел од нив полувлажни, и применувам систем на пропуст на вишок влага, со времено отварање на печката, за да изедначам иста влажност, за да не испукаат на печење од 850 степени. “
Изработката на 60 сувенири, со сушење и печење се одвиваше 7 дена. Петрова , видно среќна, што успеала да ги извади, без ниеден оштетен предмет, ги активирала и дел од вработените да помогнат во разнесување, прскање со средство па вадење надвор пред Домот да се сушат на сонце, за да се стави подлога и рачно да ги слика во керамичкото собче како готов сувенир.
Иако времето брзо тече, буквално Петрова се претвара во „октопод“ работи околу 18 часа и организира тим од 6 члена ( резервни играчи ) како техничка помош за доопремување на сувенирот ( сечење конци, ставање на сувенирот, сечење и лепење сертификати и пакување на истите ).
Така таа успева, сите 60 сувенири, рачно да ги наслика, само за 8 часа ( реално потребна е цела една недела ) а тимот да ги доопреми и спакува. Работата траела до 1,30 по полноќ, кога тимот го напушта Домот, видно изнемоштен, но и среќен, што за првпат се учесници и сведоци, како се раѓа, рачно изработен сувенир од керамика, целокупниот процес, се до финален производ, и колку труд и енергија изискува истиот.
Сувенирите, во средата, рано наутро, беа испорачани два часа пред почеток на прославата, и тимот кој ги превзеде, според приоритет, на надворешни заслужни гости, им ги додаде, како изненадување, покрај другите подароци што им ги додели.
„ Ова, е само една мала сторија, како на југот, во Гевгелија, се е можно, дури и слоганот Две раце, а шеесет изненадувања !
Честит 100 год. Јубилеј на клубот на Општина Гевгелија, ФК Кожуф и на сите учесници кои ми пружија техничка помош при реализацијата“, ја завршува својата сторија Гордана Петрова.