ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ И МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ ВО ТЕШКИ УСЛОВИ, СО УСПЕХ НАСТАПИЈА НА „ТИТОВ ВРВ СКАЈРЕЈС“ НА ШАР ПЛАНИНА

Во организација на планинарскиот клуб “Македон“ и Комисијата за скајранинг при ФПСМ денес се одржа четвртото издание на планинската (скајранинг) трка “Титов Врв Скајрејс“ на Шар Планина, воедно и државно првенство во скајранинг за 2022 година. Ова е највисоката трка во Македонија на која натпреварувачите поаѓајќи од Попова Шапка го искачуваат Титов Врв 2747 мнв по гребенот (зимската патека) и се враќаат назад, притоа совладувајќи дистанца од 20 километри и 1900 висински метри по стрмен и каменест терен.
 
На трката оваа година учествуваа 70 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.
Меѓу нив беа и тројца членови на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, Валентина Узунова, Методија Ичев, на кого ова му беше прва висинска трка и Мијалчо Андоновски.
Како што ни изјави Методија, дождот ,ветерот и студеното време си го напраавија своето за трката од 21к 1900D+ да биде скратена на два пати за на крај да истрчаме 11к 900D+ 1ч 47м .
Валентина во женска конкуренција во вкупниот пласман го освои 8 место, а во конкуренција до 50 години, беше прва. Методија Ичев во машка конкуренција постигна 28 време, додека Мијалчо Андоновски беше 34.
 
Скајранингот е екстремна форма на планинско трчање кое се одвива на надморска височина од над 2000 метри, по исклучително стрмни и каменести терени. Овој спорт кој започнува да се развива во алпските земји пред 30-тина година денес доживува се поголема популарност во светот со аспирации да стане и олимписки спорт. Федерацијата за планинарство на Македонија е полноправен член на Светската скајранинг федерација (ISF), а минатата година македонска репрезентација за првпат настапи на европското првенство во Италија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *