ВАУЧЕРИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА СПОРТ ДОБИЈА СПОРТСКИТЕ ЕКИПИ ФК „КОЖУФ“, КК „КОЖУВ“, РК „ПАРТИЗАН 2016“ И ЖРК „ГЕВГЕЛИЈА“

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата со спортски клубови кои добиваат ваучери за искоирстување средства од даночните обврзници во земјава. На листата има и спортски клубови кои се натпреваруваат и од Гевгелија како во машка така и во женска конкуренција. 
Износот на ваучерите е различен во зависност од спортот, постигнатите резултати, организираноста на клубот, рангот на натпреварување.
 
Така, фудбалскиот клуб „Кожуф“ доби 950.000 денари, кошаркарскиот клуб „Кожув“доби износ од 6.500.000 денари, женскиот ракометен клуб „Гевгелија“ 500.000 и машкиот ракометен клуб„Партизан 2016“ 430.000 денари.
 
Станува збор за владина мерка, со која државата се откажува парите по основ на данок на добивка и ги пренасочува во македонскиот спорт. Конкретно компаниите, дел од својата обврска за данокот на добивка наместо да ја платат на државата, ќе имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист кои има добиено ваучер од Агенцијата за млади и спорт кој средствата ги распореди по однапред утврдена методологија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *