ВИСКИ И ПЛЕСКАВИЦА ЗА ГОРАН БРЕГОВИЌ:

Во саботата, на 25 јуни 2022 година во Гевгелија, во дискотеката „Де Факто“, во чест на 10 годишнината од отворањето на овој најпознат клуб за забава во градот, за прв пат гостуваше еден од најпопуларните балкански музички ѕвезди, Горан Бреговиќ.
 
На пропатување од Виена кон Благоевград, каква коинциденција, Европа, проблем Македонија и Бугарија) музичката „банда“ наречена „Оркестар за венчавки и погреби“, составен од музичари од Србија одржа фантастичен концерт во градот крај Вардар, кого го нарекуваат „порта кон Европа“.
 
За Бреговиќ, музичарот кој за себе ќе каже дека не е ниту Србин, ниту Хрват, ниту Босанец, но има три куќи и во Белград и во Загреб и во Сараево, и дека неговата татковина е помеѓу тие три града, се знае речиси се. Со овој 72 годишен музичар, кој сеуште не мисли да им каже збогум на настапите во живо и да се пензионира се сретнавме за кратко(тајмингот беше таков), колку да ми се потпише на фотографијата која е направена пред триесеттина години во Скопје, кога колегата Душко Мичиќ правеше интервју со него за тогаш многу читаниот неделник „М-Експрес“, а јас зедов куса изјава за втората програма на Македонското радио.
 
Откако се поздравивме, тој замина да се одмори во собата во луксузниот хотел „Фламинго“, нарачувајќи при тоа македонска „плескавица“, нормално без кромид.А, вискито го остави за „освежување“ во текот на настапот.
 
А, на самиот концерт, кој беше една општонародна веселба, слушнавме претежно материјал од неговиот последен албум „Три писма од Сараево“, од операта „Кармен со среќен крај“ и се разбира од „Бијело Дугме“. Доволно, нели.
10 годишнината на „Де Факто“ ја потполнија со својот настап и Ламбе Алабаковски и екипата на „Антена 5“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *