ВО БЛАГОЕВГРАД ПОД ПРИТИСОК НА ВЛАСТИТЕ ЗАТВОРЕН МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ

Во исто време додека во Република Македонија помпезно беше отворен бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, за Македонците од Пиринска Македонија е затворен нивниот клуб за просторија за која сами си плаќале ќирија досега.
Станува збор за клубот во Благоевград (Горна Џумаја), од кој под притисок на бугарските власти врз сопственикот на објектот им било откажано гостопримството на Македонците, а клубот е затворен.
– Македонците од Благоевград на Велигден останаа без својот Македонски клуб. Клубот беше вo станбена зграда, изнајмен под кирија и каде Македонците држеа една мала просторија. Но, газдата на таа просторија(под притисок на бугарската полициja!?) им соопшти на Македонците да ja напуштат просторијата и така Македонците во Благоевград останаа на улица, без своj простор, каде што може да се собираат и да одржуваат состаноци. Дали Македонците од Благоевград ќе имаме во скоро време свој Македонски клуб каде што ќе се собираме и во кој ќе одржуваме состаноци, само еден Господ знае… пишуваат Македонците од Благоевград во објавата на Фејсбук.
Така тече реципроцитетот меѓу двете држави, Република Македонија и Република Бугарија. Во Битола отворање, а во Благоевград затворање на клубот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *