ВО ДОЈРАН ПРОМОВИРАНА „ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ“ И ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО АЛТЕРНАТИВНО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО

Зелената агенда е висок приоритет на Министерството за транспорт и врски со што преземаме низа мерки и активности за нејзина промоција како политика на Владата за заштита на животната средина и намалување на аерозагадувањето. Министерот Бочварски заедно со директорот на Постојаниот Секретаријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, денеска ја одбележаа „Европската недела на мобилност“ каде се вклучија во промоција на велосипедот како алтернативно средство за превоз, се со цел да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина.
 
Доколку сакаме поздрава животна средина, подобра иднина за нас и нашите деца, мораме да ги смениме нашите секојдневни навики и затоа сметам дека реформата во транспортните системи е неопходна.Ова е еден од алтернативните видови на превоз преку кој, почнувајќи од најмладите и вклучувајќи ги сите граѓани сакаме да ја подигнеме свеста за користење на алтернативните видови на превоз, кои не само што го намалуваат аерозагадувањето, туку заштедуваат и енергија.
Оваа година општина Дојран е дел од глобалната недела на урбана мобилност во која учествуваат 2.695 града од 43 земји во Европа и светот.
 
„Навистина овие се убави активности каде со вклучување на децата ги учиме на здрави навики и позитивни работи, кои значат заштита на животната средина. Како локална самоуправа се стремиме кон заштитата на животната средина и за таа цел презедовме низа активности за заштита на Дојранското езеро, како врвен приоритет. Како активност што ја преземаме во глобалната недела на мобилност, општина Дојран набави и 20 електрични велосипеди, како придонес за заштита на животната средина кои ќе ги понудиме на туристите и сите заинтересирани граѓани.“ – изјави градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *