ВО ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ ОД БИТОЛА ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА УМЕТНИКОТ ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ „ЗА ПОСЛУШНОСТА“

На 20 јули 2024 во просториите на Друштвото на ликовни уметници од Битола беше отворена ликовната изложба „За Послушноста“ на авторот Перо Кованцалиев. Изложбата ја сочинуваат дваесетина минијатурни акумулации од ушни школки со асоцијативни форми изведени во бронза, алуминиум и полиестер.
Изложбата беше отворена од страна на претседателот на ДЛУБ, Васко Ѓоргиев кој меѓу другото рече дека авторот за своите дела симболично го зема увото како основен елемент.

 Послушноста е врската која балансира помеѓу редот и хаосот, помеѓу страстите и рационалноста.
Исто така на отворањето се обрати и проф. д-р Васко Шутаров познат колумнист, дипломат и универзитетски професор. Современиот македонски скулптор м-р Перо Кованцалиев, преку композициите од акумулирани ушни школки, поставени во различни формации од концептот „За Послушноста“, е во потрага по изгубениот јавен наратив за рамнотежата помеѓу послушноста и непослушноста, во потрага по тој толку потребен баланс и премин низ кој послушноста се облагородува во творечка самодисциплина, а непослушноста во слобода на мислата и креативниот чин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *