ВО ГЕВГЕЛИЈА ГОСТУВА ТЕАТАРОТ ОД КАВАДАРЦИ СО КОМЕДИЈАТА „КАКО ДА (НЕ) СНИМИШ МРСЕН ФИЛМ“

Во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, утре (29 јуни, 2022 година), во Народниот театар, ќе гостува Театарот при ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов- Климе“- Кавадарци со театарската претстава „Како да (не) снимиш мрсен филм“. Билетите со цена од 150 денари се пуштени во претпродажба и истите можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија. Претставата ќе започне во 20:00 часот.
 
Режијата на комедијата „Како да (не) снимиш мрсен филм“ е на Диме Коцевски, а сценографијата на Диме Темков. Улогите ги толкуваат: Видан Станоев, Александар Видиков, Саше Орешков, Надица Ангелкова, Кристина Јованова, Деан Атанасов, Сијче Трајкова, Никола Деков и Диме Коцевски. Комедијата „Како да (не) снимиш мрсен филм“ е работена по текст на Милан Гргиќ меѓутоа таа е целосно адаптирана со плус неколку додадени ликови и сцени од моја страна. Претставата е комедија на ситуации, со одлично разработени ликови и ситуации, со секојдневен и лесно препознатлив хумор кој многу успешно го донесуваат на сценат актерите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *