ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ЗА ДЕЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КК „АРМОР“

Во сабота, на ден 27 април 2024 година, за прв пат во Гевгелија ќе се одржи Државно првенство во Карате за деца од 10 до 13 години, по иницијатива на Карате Клуб АРМОР и спонзоризано од Агенција за обезбедување “АРМОР”. 

На оваа првенство во Гевгелија ќе учествуваат околу 700 млади каратистки и каратиси при што дел од нив ќе се пласираат на Балканско и Европско првенство. 

Оваа е можност за сите млади да дојдат и да ја видат убавината на овој спорт, а некои од нив да посакаат да станат нови и млади успешни натпреварувачи. Државното првенство ќе се одржи со почеток од 09:00 часот во Спортската сала “26 АПРИЛ” .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *