ВО ГЕВГЕЛИЈА ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ЛИЦА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Во Домот на Културата во Гевгелија вчеравечер беше премиерно отворена изложбата „Лица на револуцијата: Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 – 1934 година“, од авторите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Изложбата прикажува досега необјавени портрети на македонски револуционери од илинденскиот и постилинденскиот период, како и од периодот меѓу двете светски војни, се до официјалната забрана на Внатрешната македонска ревовлуционерна организација во 1934 година.

Во ова време на брзи промени, старите фотографии се издвојуваат како неми сведоци на историјата, потсетувајќи нè каде сме биле, кои сме и каде би можеле да одиме.“
Изложбата ја отвори Васко Шутаров, универзитетски професор и ексерт за културна дипломатија, кој при тоа напомена:
 
„Културата на сеќавањето е основна претпоставка за односите меѓу луѓето, за нивното меѓусебно разбирање или нивното меѓусебно конфронтирање. Колку визијата за минатото е променлива и нестабила, толку визијата за иднината е непредвидлива и несигурна! Kолку консензусот за континуитетот на една заедница или народ е поширок и посеопфатен, толку мобилизациската моќ на таа колективна слика од минатото и визијата за иднината- помоќна!“

Промотор на изложбата беше актерот Зоран Љутков, кој истакна дека изложбата прикажува внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење.

Ивона Опетческа Татарческа од Управата за заштита на културното наследство,се обрати пред гевгелиската публика потенцирајќи дека „овие фотогографии како дел од поголема и многу вредна колекција на авторите Апостолоски и Ратајкоски, се првата приватна колекција во Македонија која ги поминала сите фази од комплексниот процес на заштита, пред да биде изложена во јавноста. Тоа подразбира стручна идентификација и валоризација од самите сопственици, кои како историчари со компетентно знаење ги откриле вредностите на содржините на овие фотографии.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *